чај

Поради тоа што чаевите се користат секојдневно и многу често, добро е да се знае понекогаш поточно кој чај би ни помогнал во одредени ситуации.Еве неколку:

АЈДУЧКА ТРЕВА- Исушено и исецкано растение заедно со цветот. Се употребува во облик на чај: една мала лажичка од исушената и исецкана трева се вари во една шоља вода.Се процедува, се остава да се излади и ладен чајот се пие без шеќер.
Се користи за зголемување на апетитот, за зајакнување на имунитетот и како средство против болки и грчеви во желудникот цревата(стомакот).

КАМИЛИЦА- Една кафена лажица камилица се прелива со зовриена вода (не се вари), се остава 10-15 мин., се процедува и се пие.
На мали деца е препорачливо при грчеви во стомакот, благотворно делува и смирувачки. Исто така одличен е и за испирање на устата и грлото при воспаленија.
Се употребува и за облоги на очите при очни инфекции.

КАНТАРИОН- Се собира горната половина од растението заедно со цветот, се суши и се сецка. Од ова се прави кантарионово масло и тоа, 20г. на 100 г масло се става изложено на сонце 30 дена, при тоа секој ден се промешува.
Ваквото масло се употребува за лечење опекотини, посекотини, кожни чиреви и рани кај кои споро оди заздравувањето.
Чајот од кантарион се употребува за лечење на болки во стомакот, заболувања на црниот дроб и при дијареја.

КИМ- општо познат зачин кој се употребува во домаќинството. Чајот од ким е одличен кога се пие на гладно наутро и е добар против надуеност на стомакот при проблеми со варењето на храната (на пролет и на есен кај луѓето со осетлив желудник). ½ кафена лажичка се вари со 2 дл.вода 10-мин.

КЛЕКА- Се собираат зрнцата на клеката кои се зрели ако се темно лилава боја.Се користат исушени и тоа 3-4 зрнца се додаваат во 2 дл.вода, се вари 10 мин.Чајот има прекрасна арома и боја и се користи успешно во лечењето на бубрежните заболувања и проблеми со мокрење.

КОРА ОД ПОРТОКАЛ И КОРА ОД ЛИМОН- Кората од овие овошја се сецка, се суши и се прави многу ароматичен чај. Една кафена лажичка се прелива со 2 дл. врела вода, се поклопува и се остава половина час да стои. Се процедува и се пие чајот кој е многу добро средство за намалување на стресот, напнатоста и делува како природен седатив, смирувачки на организмот.

Leave a Reply